Утрински Весник
Спорт

Јунајтед „конечно“ се ослободија од Алексис Санчез?

Јунајтед „конечно“ се ослободија од Алексис Санчез?

Италијанските медиуми тврдат дека Манчестер јунајтед, конечно, се ослободиле од Алексис Санчез, откако Интер се согласиле да му дадат постојан договор на Чилеанецот.

Според „Кориере дело спорт“, спортскиот директор на Интер, Бепе Марота се согласил на договор за продажба за само 13.5 милиони фунти и дека тоа ќе биде потврдено по дуелот на Интер од Лига Европа со Хетафе во среда, меч за кој Санчез е во составот.

Ова ќе биде ослободување на буџетот на Јунајтед, кои му плаќаа 350.000 неделно на Санчез и покрај тоа што тој речиси не играше. Дури и додека беше на позајмица во Интер оваа сезона, Јунајтед плаќаа повеќе од половина од оваа плата. Според „Ла газета дело спорт“, Санчез ќе добие кратење на платата и ќе добие тригодишен договор со „нераѕурите“.

Со овие „ослободени“ средства Јунајтед ќе можат да се фокусираат на потпишувањето на Џејдон Санчо, бидејќи германските медиуми тврдат дека „ѓаволите“ се согласиле да ја платат бараната сума од фантастични 120 милиони евра за 20-годишниот Англичанец.

> Јунајтед „конечно“ се ослободија од Алексис Санчез? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нотингем Форест казнет со огромна парична казна поради ВАР

Македонија до 21 ја победи Молдавија во квалификациите за ЕП 2025 година

Македонската фудбалска селекција пристигна во Ереван