Утрински Весник
Македонија

Јовески: Видов туби на местото на несреќата, но не беа изгорени

Јовески: Видов туби на местото на несреќата, но не беа изгорени

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија видел празни туби, но тие не биле изгорени. Ги оцени како шпекулации наводите дека пожарот настанал поради туби со нафта и очекува истрагата да даде појасни информации.

Македонското Обвинителство собира примероци од ДНК од роднините на загинатите за да ги идентификува жртвите, рече јавниот обвинител во разговор за БТВ.

Јовески објасни дека двајца цариници го пропуштиле автобусот кој тргнал од Северна Македонија без потребните документите.

„Нема да водиме паралелна истрага. Таа се води во бугарското Обвинителство. Ќе сораборуваме. Ќе ги почекаме резултатите и тогаш Обвинителството на Северна Македонија ќе донесе решение како да постапи“. рече Јовески.

Засега не е познато дали причината за несреќата е човечка грешка или дефект на автобусот.Јовески нагласи дека автобусот бил речиси нов, со редовен технички преглед во Северна Македонија.

Можете да прочитате

Левица: Деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ покажа ревизијата

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија

ВЛЕН: „One Stop Shop” со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски