Утрински Весник
Свет

Јапонија нема да воведе вонредна состојба поради коронавирусот

Јапонија нема да воведе вонредна состојба поради коронавирусот

Јапонија нема да воведе вонредна состојба поради коронавирусот, изјави владиниот портпарол, додека во Токио е забележано најголемо дневно зголемување на бројот на заразени во последните два месеци, за што причина се случаите поврзани со ноќните клубови во јапонската престолнина.

Во Токио беа потврдени 124 нови случаи, што е пораст од 107 во однос на претходниот ден, тоа делумно е резултат на зголеменото тестирање на работниците во населбите Шинџуку и Икебукуро, познати по ноќниот живот.

Сепак, бројот на сериозни случаи опаѓа и нема потреба да се наметнува вонредна состојба, која беше укината на 25 мај, изјави портпаролот на владата Јошихиде Суга.

Текстот Јапонија нема да воведе вонредна состојба поради коронавирусот е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Путин ме разочара – 24info.mk

Зеленски: Ослободивме 160 квадратни километри и седум населени места во Доњецкиот регион

Два украински дрона нападнале голем руски петрохемиски комплекс