Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ може да здивне – на САД опен нема да има линиски судии!

Ѓоковиќ може да здивне – на САД опен нема да има линиски судии!

Светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ може безгрижно да се врати на САД опен без стравувања за дисквалификација поради удирање на линиски судија, откако Американската тениска асоцијација (УСТА) потврди дека на овогодишниот гренд слем ќе има само судија на столче, додека за другите одлуки ќе биде задолжена технологијата.

Ѓоковиќ, во еден од најбизарните моменти во неговата долга и успешна кариера, лани беше дисквалификуван во мечот од четвртото коло против Пабло Карењо Буста, кога случајно ја удри линиската судијка со топче удрено во фрустрација по загубен поен. Со ова се ствари крај на низата од 29 победи на Србинот.

УСТА и ВТА и АТП потврдија дека електронскиот систем „Соколово око“ ќе се користи на сите терени на САД опен и на седум од деветте турнири од американската серија, така што на теренот ќе го има само судијата на столче, слично како на Австралија опен.

> Ѓоковиќ може да здивне – на САД опен нема да има линиски судии! <

Можете да прочитате

Вардар се засили и со Димитар Тодоровски

Гвардиола: Манчестер сити е во ризик да не се пласира во ЛШ

Томпсон се искачи на петтото место во историјата на НБА во постигнати тројки