Утрински Весник
Македонија

Чулев: Во моментов се останати околу 4.900 обрасци за пасоши, новата пратка од Веридос на 24 март

Чулев: Одлуката на Владата за неприфаќање 89 решенија за вработување во МВР е противуставна

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) –  Околу 4.900 обрасци за пасоши има останато во моментов, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош. Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор Веридос треба да стигне на 24 март, а како што информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина дена порано од тој термин.

Чулев денеска по посетата на Секторот за внатрешни работи Скопје, одговорајќи на новинарско прашање истакна дека проблемот со личните карти и возачките дозволи е надминат, останува да се реши уште проблемот со пасошите.

Тој рече дека проблемот со издавање лично документи го наследил од неговиот претходник, сегашниот технички премиер Оливер Спасовски.

-Јас и мојот тим сме во постојана комуникација со екомонскиот оператор Веридос од Германија. Успеавме да го надминеме хаосот што го создаде тогашниот министер за внатрешни, а сегашен технички премиер Оливер Спасовски, со цел да предизвика неспокој кај граѓаните и да предизвика одложување на парламентарните избори, додаде тој и рече дека останува уште надминување на проблемот со патните, кои според него не биле навремено нарачни од претходното раководство.

Тој рече дека денеска ќе ја информира и Владата за проблемот со патните исправи.  цр/ац/

Изјава Наќе Чулев

Posted by MИА.mk on Четврток, 13 февруари 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец