Утрински Весник
Спорт

Челси одбиле уште една понуда од Интер за Лукаку

Раководството на Челзи ја одби понудата на Интер за напаѓачот Ромел Лукаку. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пренесува дека клубот од Милано понудил седум милиони евра (пет + два милиони бонуси) за белгискиот репрезентативец.

„Сините“, минатото лето го вратија напаѓачот од Интер на „Стемфорд Бриџ“ за 97,5 милиони фунти.

Во текот на денот се очекува повторно да разговараат претставниците на италијанскиот и англискиот клуб, а Интер, според Романо, биле подготвени да ја зголемат сумата.

Лукаку минатата сезона постигна 15 гола и забележа две асистенции на 44 натпревари за Челзи во сите натпреварувања.

> Челси одбиле уште една понуда од Интер за Лукаку <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026