Утрински Весник
Бизнис

Цените на горивата остануваат со иста цена, се менува цената на мазутот

Цените на горивата остануваат со иста цена, се менува цената на мазутот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,000 денар/кг и сега ќе изнесува 54,291 денари/кг.

Од 24.6.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 110,00 (денари/литар)

– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 112,00 (денари/литар)

– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 110,00 (денари/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар)

– мазут М-1 НС – 54,291 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Тренчевска: Ги унапредуваме законските решенија за жените земјоделки

Дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар за земјоделците со житни култури

Поевтинуваат цените на горивата