Утрински Весник
Македонија

Хуманитарна акција на Црвен крст „Заедно каде е потребно“

Хуманитарна акција на Црвен крст „Заедно каде е потребно“

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Следејќи ја состојбата предизвикана од КОВИД-19, Црвениот крст на Република Северна Македонија организира хуманитарна акција „Заедно каде е потребно“ со цел да се обезбеди помош за ранливи целни групи на население и оние кои останаа без работа во овој период.
Акцијата, како што информираат од Црвен крст, почнува од денеска и ќе трае до 10 мај 2020 година.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани може да донираат храна, средства за хигиена и средства за дезинфекција и донација на парични средства.
– Во акцијата правните субјекти можат да обезбедат донации во храна, средства за хигиена и средства за дезинфекција и парични средства. Заради поголема безбедност, граѓаните во акцијата можат да дадат поддршка исклучиво со донирање на парични средства. Помошта во храна, средства за хигиена и средства за дезинфекција може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток, Скопје и во општинските организции на Црвениот крст во земјата, веат од оваа хуманитарна организација.
Донациите во парична средства можат да се уплатат на:  Сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ – 300000001327966
ДБ 4030984271620- Комерцијална банка и 100 денари со повик на телефоните 070/075/077 143 400
Оттаму посочуваат дека донираните средства од хуманитарната акција се наменети за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и дезинфекција.
Од Црвениот крст на РСМ ги повикуваат сите заинтересирани правни субјекти и граѓани да се вклучат и дадат поддршка во хуманитарната акција заедно да помогнеме каде што е потребно.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија