Утрински Весник
Македонија

Христовски потврди – се намалува цената за паркирање во Скопје

Христовски потврди – се намалува цената за паркирање во Скопје
Dik 300x250 mk

На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје г-ѓа Арсовска, а согласно Статутот на јавното претпријатие, вчера на седница на Управниот одбор на претпријатието се донесе одлука со која е предвидено намалување на цените на услугите за паркирање на јавните површини во зоните на паркирање во градот Скопје, истакна директорот Христовски на денешната прес конференција.

Христовски додаде дека согласно одлуката за измена на Ценовникот на услуги на Јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на час паркирање во следните зони:

-Зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари.

-Во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари,

-Во зона Б од 40 денари, износот за паркирањето се намалува на 30 денари и

-И во зона Ц и Д, цената за еден час паркирање од 30 денари се намалува на 25 денари.

Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влегува во сила по добивање согласност од Советот на Град Скопје, а истата ќе се применува од 01.03.2022 година.

Христовски потенцираше дека со усвојување на оваа одлука, а сред економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие Градски паркинг им излезе во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот и го реализира она кое е ветено пред скопјани.

Нашата цел како Јавно претпријатие е со своите одлуки секогаш првенствено да бидеме транспарентни во своето работење, да бидеме во служба на граѓаните и да ги реализираме правовремено барањата на граѓаните во градот Скопје, вели директорот Христовски.

Можете да прочитате

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!

Хорор во Скопје: Девојче на 16 години сексуално злоупотребено од очувот, мајката знаела но не спречила