Утрински Весник
Спорт

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

Мерцедес не покажа никаков напредок на слободните тренинзи во пресрет на трката за Големата награда на Австралија. Луис Хамилтон на крајот првиот тренинг имаше послабо време од Саинз за 1,2 секунди, а на вториот за 1,5 секунди во однос на Леклер.

„Тежок тренинг. Ниту една промена на болидот не ги дава посакуваните резултати, тоа е проблем. Оптимисти сме кога ќе направиме нови подесувања, но делува дека болидот не сака да биде подобар. Првиот тренинг беше подобар. Направивме некои промени за вториот и тоа не ни помогна. Ми беше многу тешко на вториот тренинг“, рекол Хамилтон.

„Не се согласувам дека ќе ни биде тешко да се вратиме. Ситуацијата сега не е добра и мора да се носиме со тоа. Фрустира кога се обидуваш да возиш максимално брзо и да ја намалиш разликата во однос на најбрзите, но тоа не е можно. По кога ќе возиме добра круг ние сме 1,2 секунди зад најдобрите“.

Трката за Големата награда на Австралија на програмата е во недела од 7 часот, утре ќе се вози третиот тренинг (5 часот) и квалификациите за пол-позицијата (8 часот).

> Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026