Утрински Весник
Магазин

Хали Бери не е во добри односи со колега веќе 20 години поради сцена од „Готика“

Хали Бери не е во добри односи со колега веќе 20 години поради сцена од „Готика“
Dik 300x250 mk

Во 2002 година, Хали Бери глумеше во филмот на Метју Касовиц „Готика“, во кој ја играше улогата на психијатар кој доживеал сообраќајна несреќа, по што се буди и се наоѓа заробена во истата клиника каде што работи.

Колегите ја информираат дека нејзиниот сопруг е жртва на убиство со секира и дека таа е главниот осомничен. Таа не се сеќава на тоа. Она што следи е бизарна фантазмагорија од полузапаметени настани, работи кои можеби се или не се халуцинации.

За време на една од нејзините сцени со колегата Роберт Дауни Џуниор, ликот на Хали Бери морал да биде со рацете прицврстени зад грб. Дауни ја фатил Бери за рака и ја свртел кон нејзиниот грб. Во тој миг, Дауни веднаш сфатил дека ја скршил раката на колешката.

Координаторите на каскадерскиот тим тој ден не биле на снимање. Несреќата се случила многу брзо и никој не можел да интервенира. Снимањето било прекинато неколку недели додека Бери заздравувала од повредата.

Хали Бери рече дека многу малку се сеќава на моментот кога се повредила и дека е сигурна оти никогаш не слушнала извинување. Наспроти неа, Дауни тврдеше дека се извинил и дека и двајцата разбираат дека тоа било несреќен случај. Како што се шпекулираше во јавноста, откако тоа се случило, Бери и Дауни се’ уште не разговараат.

Можете да прочитате

Скандал во Велес: Цеца го прегрна бугарското знаме!

Темните фармерки нема да избледат ако ја додадете оваа состојка во машината за перење

Малезискиот корона-град на духови полека заживува