Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Фонсека одбил да поднесе оставка, ќе заминел по завршувањето на сезоната

Фонсека одбил да поднесе оставка, ќе заминел по завршувањето на сезоната
Img 7972

Тренерот на Рома, Паоло Фонсека, одбил да поднесе оставка на функцијата. Италијанските медиуми пишуваат дека тој ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Рома се наоѓа во лоша форма, во финишот на сезоната. На последните пет натпревари, избраниците на Паоло Фонсека освиле само четири бода, а во Лига Европа беа прегазени од Манчестер јунајтед со 6:2.

Рома, на табелата, има девет поени помалку од Лацио, во борбата за место во Лига Европа. Во овој момент, Рома има пласман кој на клубот му обезбедува место во Конференциската лига.

Фонсека, во присуство на својот менаџер, во понеделникот, имал состанок со клупските челници. Клубот не му врачил отказ, а Фонсека рекол дека нема да поднесе оставка. Рома потврдиле дека тој ќе замине по завршувањето на сезоната.

Главен кандидат за нов тренер на Рома е Маурицио Сари.

> Фонсека одбил да поднесе оставка, ќе заминел по завршувањето на сезоната <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион