Утрински Весник
Македонија

Утре облачно време со дожд и температура до 11 степени

Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 6 до 11 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Утре и во среда ќе преовладува променливо облачно време и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Преку ноќта кон среда и во среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места.

Од овој влажен бран врнежите ќе бидат пообилни на западот (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и во среда претпладне кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и сѐ потопло време.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вработен во МВР, возел во спротивна насока, па му се заканувал на полициски службеник

Претреси низ Македонија за дела поврзани со детска порнографија

Намалена видливост поради магла во Крушево