Утрински Весник
Свет

Успешно изгаснат пожар на нафтовод во Турција

Успешно изгаснат пожар на нафтовод во Турција

Турскиот оператор на нафтоводот „Ботас“ го изгасна пожарот на нафтоводот Киркук-Џејхан, по експлозијата што го прекина протокот на нафта во близина на југоисточната провинција Кахраманмарас, соопшти денеска операторот.

Експлозијата, чија причина е непозната, е најновата во низата прекини во снабдувањето, кои предизвикаа глобалните цени на суровата нафта да достигнат највисоко ниво во последните седум години, пишува Ројтерс.

„Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат, а пожарникарите и брзата помош работат на разладување“, рече Ботас.

Гасоводот ќе профункционира што е можно поскоро, откако ќе се преземат неопходните мерки на претпазливост“, се вели во соопштението и се додава дека причината за експлозијата на 511-от километар од гасоводот не е позната.

Со овој гасовод се транспортира сурова нафта од Курдистан, која понатаму е наменета за извоз од турското пристаниште Џејхан.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка