Утрински Весник
Македонија

Усвоена програмата за капитални субвенции во руралните средини

Усвоена програмата за капитални субвенции во руралните средини

Владата на денешната седница ја донесе Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година со која ќе се подобри руралната инфраструктура и пристапот до земјоделските површини.

Како што посочуваат од владината прес-служба, корисници на средствата на оваа програма се центрите за развој на планските региони на територијата на државата, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

„Избраните проекти е предвидено да се реализираат во рок од дванаесет месеци од денот на потпишување на договорот за финансирање. Корисниците ќе поднесат финансиски и наративен извештај најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација“, се наведува во владиното соопштение.

На денешната седница била разгледана и Информацијата за предлог структури и Акциски План за воспоставување на систем за индиректно управување од страна на државата со ИПА средствата согласно барањата од Регулативата за имплементација на новиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА 3) за 2022 година.

„Според структурата, ИПА III е поделена на 5 прозорци и 17 тематски приоритети и тоа: Владеење на правото, фундаментални права и демократија; Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка комуникација; Зелена агенда и одржлива поврзаност; Конкурентност и инклузивен раст; и Територијална и прекугранична соработка.

Во рамките на приоритетот ‘Зелена агенда и одржлива поврзаност’ предвидени се дополнителни тематски приоритети: Животна средина и климатски промени и Транспорт, дигитална економија, општество и енергија“, нагласуваат од владината прес-служба.

Можете да прочитате

Кривичен суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

УХМР: Минусните температури се враќаат повторно

Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани