Утрински Весник
Свет

Уметничка инсталација во Тел Авив го исмева израелскиот претседател

Уметничка инсталација во Тел Авив го исмева израелскиот претседател

Граѓаните на Тел Авив имаа можност да видат уметничка инсталација, која ја претставува трпезата на Тајната вечера, на која премиерот Бенјамин Нетанјаху седи сам.

Нетанјаху е прикажан во природна големина како се гости на преполната маса.

Инсталацијата, која беше поставена на плоштадот Рабин во центарот на Тел Авив е продолжение на летните протести против израелскиот премиер, на кои илјадници незадоволни граѓани побараа негова оставка поради лошото раководство и економската криза продлабочена поради епидемијата на коронавирусот.

На инсталацијата Нетанјаху е претставен како компулзивен хедонист, кој целосно го загубил реалниот контакт со граѓаните и нивните потреби.

Авторот на инсталацијата, уметникот од Тел Авив, Итаи Залат, во интервју објасни дека инсталацијата е направена од пластични материјали, насликани во живописни бои и дека ја симболизира „тајната вечера за израелската демократија“.

Ова не е прва уметничка инсталација на Итаи Залат што го критикува израелскиот естаблишмент.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници