Утрински Весник
Свет

Украина: Постои ризик од експлозија на муниција во Чернобил

Украина: Постои ризик од експлозија на муниција во Чернобил

„Украинските вооружени сили објавија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа централата мора да се повлечат од таа област“, ​​изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи формирање на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина, пренесува Ројтерс.

„Бараме Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе мерки за демилитаризација на ексклузивната зона во Чернобил и да воведе специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарната катастрофа“, рече Верешук.

Можете да прочитате

Трамп: Иран побара примирје – 24info.mk

Нетанјаху: Иран веќе не е егзистенцијална закана за Израел

Стармер по заканите на Трамп: НАТО е најефикасен сојуз, нема да бидеме вовлечени во војна со Иран