Утрински Весник
Свет

Украина му одговори на Медведев: „Мал човек со огромни комплекси“

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, му одговори на сојузникот на Путин и поранешен руски претседател, Дмитриј Медведев, кој денеска напиша: „Прашање е дали Украина ќе постои за две години?“.

Подољак го опиша Медведев како мал човек со големи несигурности, кој шири отров кон Украина.

„Тоа му е единствениот начин да се докаже“, напиша Подољак и додаде: „Украина била, е и ќе биде. Прашањето е каде ќе биде Медведев за две години“.

Можете да прочитате

Во Франција, контролорите на летање ќе бидат биометриски регистрирани на работното место

Во Брисел, големи демонстрации во знак на поддршка на Палестинците

Анкета: Работниците бараат помалку работни часови, проблемот е во работните процеси