Утрински Весник
Економија

Угостителските услуги поскапеле за 0,5 отсто во ноември, најмногу во делот за храна

Угостителските услуги поскапеле за 0,5 отсто во ноември, најмногу во делот за храна

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември годинава, во споредба со еден месец претходно, е зголемен 0,5  проценти.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата храна – 0,7 проценти, безалкохолни пијалаци – 0,2 отсто и ноќевања – 0,2 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен 1,2 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен 0,5 отсто, а во однос на декември 2020 година е зголемен 0,3 проценти.

Можете да прочитате

Филипче во одбрана на лозарите: Дополнителни три денари по килограм грозје

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – рекорден раст од 8,9 проценти годинава