Утрински Весник
Македонија

Убиен маж во тепачка во Кавадарци

75-годишна жена била пронајдена почината во стан во Скопје

Педесет и деветгодишен маж е убиен во физичка пресметка во Кавадарци што се случила синоќа.

„На 16 ноември, околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С. од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на улицата Методија Џунов во Брушанско Маало во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци“, информираат од МВР.

Мажот починал во кавадаречката болница.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво