Утрински Весник
Свет

Турските сили неутрализирале 17 терористи на ПКК во последните 24 часа

Турските сили неутрализирале 17 терористи на ПКК во последните 24 часа

Турските безбедносни сили неутрализирале 17 терористи на ПКК во последните 24 часа, се вели во соопштението на турското Министерството за одбрана, пренесува „Анадолија“.

„Нашите херојски војници неутрализираа 17 терористи во последните 24 часа.Вкупно беа неутрализирани 57 терористи во последните 10 дена“, се вели во соопштението.

Претходно, официјален владин претставник изјави  дека турските безбедносни сили неутрализирале повеќе од 100 терористи во јули. Зборувајќи на месечниот брифинг, портпаролот на турското МНР , Исмаил Чатакли, изјави дека Турција неутрализирала 105 терористи, вклучувајќи на 80 на ПКК/КЏК, 23 терористи на ИД, двајца членови на левичарската терористичка група.

Чатакли додаде дека петмина од нив се наоѓале во сивата категорија на листата на барани терористи издадена од Министерството за внатрешни работи, со награда од 500.000 турски лири за секој од нив.

Листата на барани терористи се дели во пет категории според бојата: црвена – најбарана категорија, по која следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.

„Одлучни сме во елиминирањето на тероризмот од дневниот ред на нашата земја“, изјави Чатакли, нагласувајќи дека неговата земја продолжува да се бори против тероризмот без прекин.

„Турција во јули има спроведено 11.057 антитерористички операции во руралните области и 1.509 во покраинските области“, изјави тој.

За време на операциите, вкупно 48 пештери и засолништа кои ги користеле терористите се уништени, а запленети се 40 мини, 610 килограми експлозиви, 60 оружја и неколку видови на муниција.

Во својата над 30-годишна кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени, соопштија од Министерството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ќе претседава со ОБСЕ во 2026 година

СЗО побара прекин на израелските напади врз болниците во Појасот Газа

Јужнокорејската влада нареди проверка на сите авиони „боинг 737-800“ по авионската несреќа