Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени во сообраќајна несреќа меѓу четири возила во Кочани

Тројца повредени во сообраќајна несреќа меѓу четири возила  во Кочани

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа во која учествувале четири возила во Кочани.

Имено вчера во 15.58 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од Кочани, патничко возило „фолксваген“, управувано од К.П.(49) од Кочани, патничко возило „фолксваген“, управувано од С.Р.(36) од Кочани и патничко возило „опел“, управувано од Ј.Б.(54) од Кочани, сите со кочански регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле К.П. и сопатничка од возилото „опел“, Н.Б.(50) од Кочани, а Ј.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани и Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Можете да прочитате

Цените на становите одат кон рекордни 5.000 евра ако нема нови ДУП-ови вели Николовски

Полицијата со низа интервенции: Насилство врз сопруги, партнери и малолетник во повеќе градови

Недостига лек за рак на дојка – ФЗО најавува решение за две недели