Утрински Весник
Македонија

Тројца малолетници ограбиле жена на улица во Скопје

Тројца малолетници ограбиле жена на улица во Скопје

Полицијата приведе тројца малолетници под сомнение дека ограбиле жена на улица во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера на бул.„Гоце Делчев“, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по претходна пријава, привеле тројца малолетници, бидејќи во близина на бензинска пумпа на ул.„Кеј Димитар Влахов“ украле чанта од едно женско лице.

Лицата се предадени на полициски службеници во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владата го уништува средното земјоделско училиште во Битола, велат од Левица

СДСМ: ВМРО-ОКГ и Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата

Возач од Берово пијан и без возачка направил сообраќајка