Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Три причини за неверојатниот пораз на Медведев

Три причини за неверојатниот пораз на Медведев
Dik 300x250 mk

Данил Медведев доживеа шокантен пораз на мастерсот во Индијан Велс. Рускиот тенисер, загуби од Григор Димитров, во ситуација кога имаше водство во сетови од 1:0 и предност од 4:1 во вториот сет. Овој пораз на Медведев го остави Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП листата, веројатно до крајот на годината.

Медведев, кој на турнејата по Северна Америка, забележа 18 победи во 20 одиграни мечеви, ги објасни причините за поразот.

„Прво, мислам дека во животот не сум загубил три сервис гема на тврда подлога. Тоа покажува колку се бавни овие терени, речиси како да се игра на земјана подлога. Четири пати го загубив сервис гемот во еден сет, тоа не недозволиво. Второ, знам дека топчето потешко се контролира кога се игра во дневни услови, поради тоа не можев да го удрам првиот сервис онака како што сакав. Прашав да играм во вечерниот термин, не ми дозволија што е нормално, бидејќи пред овој меч имав ден пауза. И трето, Григор Димитров играше на друго ниво при 4:1 во вториот сет. Ако игра вака до крајот ќе го освои турнирот. Играше подобро од сите со кои се сретнав на Ју-ес опен. Ако продолжи вака не гладам кој може да го застане“, рекол Медведев.

Доколку го освоеше мастерсот во Индијан Велс, Медведев барем една недела ќе беше број 1 на АТП листата. За да ја оствари таа цел тој сега ќе треба да победи на сите турнири до крајот на годината.

> Три причини за неверојатниот пораз на Медведев <

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути