Утрински Весник
Магазин

Три жени преземаат улога на водителки на „Оскарите“

Три жени преземаат улога на водителки на „Оскарите“

Домаќини на овогодинешните „Оскари“ ќе бидат американските актерки и комичарки Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс, објави во вторникот Академијата.

Ова трио ќе го води 94. доделување на „Оскари“ во холивудскиот театар Долби на 27 март.

Во последните три години, церемонијата немаше официјален домаќин.

„Сакаме луѓето да се подготват за добра забава. Помина доста време“, велат Хол, Шумер и Сајкс во изјавата објавена на веб-страницата на „Оскарите“.

Можете да прочитате

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Концертот на Дино Мерлин во Краљево откажан на неколку дена пред настапот