Утрински Весник
Македонија

Трибина за Дигитализација на јавните услуги во Битола

Трибина за „Дигитализација на јавните услуги“ во Куманово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Битола, 17 февруари 2020 (МИА) – Во Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола денеска ќе се одржи петтата од серија јавни трибини за Дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија.

На трибината, како што информираат од МИОА, ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација. Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

За дигитализацијата на земјата ќе говори министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, а свој осврт ќе даде и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. На трибината ќе се обрати и проректорот за настава проф. д-р Игор Неделковски. дма/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот