Утрински Весник
Македонија

Талески ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО

Талески ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО

Новиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. По церемонијата, следеше состанок на амбасадорот Талески со Столтенберг.

Со предавањето на акредитивните писма и официјално започнува мандатот на Талески како прв постојан претставник на Република Северна Македонија откако нашата држава стана 30. полноправна членка на НАТО на 27 март минатата година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Метео аларм: Утре силен северен ветер над 70 км/ч!

Ампева до работниците во „Артекс“: Не потпишувајте нешто, обезбедена е правна поддршка!

СЦЕНСКИ ОМАЖ ЗА ТОМАЖ ПАНДУР: „БЕЗГРЕШНА“ НА СНГ МАРИБОР ВЕЧЕРВА ВО МНТ