Утрински Весник
Свет

Сурова тепачка во затвор во Гватемала: обезглавени четворица затвореници

Сурова тепачка во затвор во Гватемала: обезглавени четворица затвореници

Полицијата во Гватемала соопшти дека најмалку четворица затвореници биле обезглавени по тепачката меѓу ривалските кланови во еден затвор.

Тепачката, во кој учествувале 18 затвореници, се случил вчера во затворот Кантел, а во неа учествувале две спротивставени банди, Мара Салватрука и Барио. Двете мафијашки групи се поврзани со трговија со дрога.
Во овој затвор, кој е оддалечен околу 200 километри од главниот град, се сместени 2.000 затвореници. Во установата, според портпаролот на полицијата, работат 500 полицајци.

„Во моментов знаеме дека во судирот загинаа четири лица. Според првите информации што ги имаме, тие биле обезглавени“, рече портпаролот, пренесува „Би-би-си“.

Полицијата се сомнева дека немирите биле предизвикани од член на една од бандите кој нападнал ривал од противничката група со цел да му се одмазди за неодамнешен инцидент, додаде тој.

Во Гватемала, просечно се вршат околу 3.500 убиства годишно, а повеќе од половина се поврзани со судири на мафијашки групи.

Можете да прочитате

Зеленски: Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск

САД размислуваат да испратат нов противракетен систем во Израел

Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Коста Рика