Утрински Весник
Свет
Img 7972

Страшни сцени во Берлин – автомобил се заби во толпа луѓе, пристигнуваат првите сведоштва

300x250 opst2

Автомобил денеска влета во група луѓе во Берлин. Податоците за жртвите и натаму пристигнуваат, а бројот на повредени многу варира во различни извештаи. Така, некои германски медиуми пишуваат за десетина повредени, а „Шпигел“ за дури триесетина ранети.

Според „Скај њуз“, најмалку едно лице загинало. „Билд“ пишува дека во несреќата учествувал еден автомобил „рено клио“. Човекот за кој се верува дека е возачот е уапсен. Местото е полно со полицајци и пожарникари.

Несреќата се случила во фреквентен дел од градот полн со продавници, недалеку од местото каде што 11 лица загинаа во сообраќајна несреќа на божиќен панаѓур во 2016 година.

Американскиот актер Џон Бароумен по инцидентот објави фотографии и снимки на „Твитер“.

„Мислам дека бевме сведоци на терористички напад овде во Берлин, но не сме сигурни. Има многу луѓе, телата се насекаде, видовме автомобил кој налета по патот и заврши во излог. Ужасно е“, опиша тој.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД