Утрински Весник
Свет

Спасени 300 Рохинџа бегалци кои шест месеци пловеле по морето

Спасени 300 Рохинџа бегалци кои шест месеци пловеле по морето

По шест месеци во дрвен брод на отворено море, локалните власти во Индонезија спасија 300 бегалци од муслиманскиот народ Рохинџа.

Дрвен брод полн со бегалци бил забележан од локалните рибари на неколку километри од брегот на Локсеумава, а нешто по полноќ бегалците зачекориле на земја во близина на местото Ујунг Бланга.

„Од 297 бегалци, 181 се жени, а 14 се деца“, изјави шефот на локалната полиција за „Ројтерс“.

Едно 14-годишно момче било веднаш упатено во локалната амбуланта поради лошата здравствена состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Путин ме разочара – 24info.mk

Зеленски: Ослободивме 160 квадратни километри и седум населени места во Доњецкиот регион

Два украински дрона нападнале голем руски петрохемиски комплекс