Утрински Весник
Магазин

Софи Тарнер и Џо Џонас чекаат второ дете

Софи Тарнер и Џо Џонас чекаат второ дете
Dik 300x250 mk

Рокерот Џо Џонас и поранешната ѕвезда на Game of Thrones („Игра на тронови“) Софи Тарнер се подготвуваат да дочекаат уште еден пакет радост подоцна оваа година, откако во 2020 година ја добија нивната сега веќе 19-месечна ќерка Вила.

Според „Ју-ес викли“, 25-годишната актерка треба да се породи среде лето.

И покрај тоа што го задржаа нивното патување во родителството далеку од очите на јавноста, тие понекогаш кажуваа дека се пресреќни додека гледаат како расте нивната ќерка.

32-годишниот музичар изјави дека да се биде татко е неверојатно.

Претходно Софи изјави: „Да бидам мајка на мојата ќеркичка ми е омилена работа.“

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци