Утрински Весник
Свет

Словенија со намера да ги става во карантин младите кои се враќаат од летување

Словенија со намера да ги става во карантин младите кои се враќаат од летување
Dik 300x250 mk

Словенија размислува за воведување на карантин за младите кои се враќаат од летување во Хрватска и се сметаат за најризична група за ширење на коронавирусот, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс.

Епидемиолозите на владата можат да ѝ предложат повеќе опции, вклучително и карантин за граѓани на возраст од 15 до 35 години, кои и покрај предупредувањата, одат по ноќни клубови и слични места на Јадранското Море, непочитувајќи ги епидемиолошките мерки и физичкото растојание.

Ако и викендов има голем број на словенечки граѓани заразени со коронавирус, кои летувале во Хрватска, владата би можела да одлучи за заострување на мерките за влез на патниците од Хрватска во вторник или среда, објави министерот.

Владиниот портпарол за ситуацијата со Ковид-19, Јелко Кацин, исто така зборуваше за „селективно заострување“ на мерките, осврнувајќи се на младите луѓе кои изминативе денови често ги споменуваше како оние кои ги најмногу ги загрозуваат другите со своето безгрижно однесување.

Според здравствените служби, од почетокот на јуни до 12 август, 70 случаи на зараза биле увезени во Словенија од Хрватска, но во последните денови ваквите случаи забрзано растат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин