Утрински Весник
Македонија

Скопјанка тешко повредена во сообраќајка на булеварот Борис Трајковски

Скопјанка тешко повредена во сообраќајка на булеварот Борис Трајковски

Вчера во 09.15 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“, управувано од Ѓ.Х.(66) од Скопје и патничко возило „даеву матиз“, управувано од С.М.(63) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Надлежните соопштија дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Ангелов: Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача

ЦУК: Четири активни пожари, три се под контрола

Нова драма во училиштето во Демир Хисар: Не ги даваат печатите