Утрински Весник
Македонија

Се работи на остранување на снегот во Тетовско

Се работи на остранување на снегот во Тетовско

Тетово, 1 април 2020 (МИА) – Во текот на денешниот ден службите за зимско одржување на патиштата при општина Тетово работеа на патиштата кон потшарпланинските села, информираат од тетовската локална самоуправа.

-Во моментот се чистат патиштата: Шипковица-Бродец-Вешала-Бозовце, патишта во населбите Расадиште, Гајре и Лисец, како и патот Селце-Лавце и Вејце. За да се спречи замрзнувањето во вечерните часови, исчистените патишта се третираат и со сол, потенцираат од општина Тетово.

Најдолгиот и најфрекфентен планински патен правец регионалната делница 1209 Тетово-Попова Шапка се расчистува од снег од страна на тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат).

Од таму информираат дека патот е прооден но постојано се работи на отстранување на снег од коловозната лента со оглед на интензивните врнежи од снег. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово