Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се проширува мрежата на електрично осветлување во беровската туристичка населба Абланица

Се проширува мрежата на електрично осветлување во беровската туристичка населба Абланица
300x250 opst2

Берово, 23 март 2020 (МИА) – Во Берово во тек се активности за проширување на електричната мрежа во туристичката населба Абланица. Во рамки на активностите, како што информираа надлежните, се инсталираат нови линии, а се отстрануваат и дотраените електрични светилки.
-Во рамките на подобрување на условите за туристите, Општина Берово, продолжува со проширување на мрежата на улично осветлување, во туристичка населба Абланица. За таа цел се инсталираат нови линии, а паралелно со инсталирањето на нови линии, за улично осветлување и докомплетирање на постојните, се вршат и интервенции за отстранување на оштетените сијалични места и се вградуваат нови, информираат надлежните.
Приширувањето на мрежата за јавно осветлување, како што велат од Општина Берово, ќе продолжи и во наредниот периодна, со тоа што во рамки на предвидените локации наскоро ќе биде осветлен и кејот на река Брегалница во Берово.
Проширувањето на мрежата на јавно осветлување, според надлежните, значително ќе ја подобри осветленоста во оваа туристичка населба и ќе придонесе за поголема безбедност. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Почина момчето, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеник од Левица

(Видео) Врие полиција на „Гологанов“ масовна тепачка на две групи во една кафеана