Утрински Весник
Македонија

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Скопје, 25 јуни 2019 (/) – Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање се Предлог извештајот за работата на Комисијата на Собранието во 2018 година и утврдување на предлогот на двајца пратеници за учество во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање формирана од Владата.

Комисијата за образование и наука ќе ги разгледува статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во прва фаза и информацијата за состојбите во основното образование.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по Предлог-законот за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти во вторно читање и по статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во прва фаза. рп/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието