Утрински Весник
Спорт

Сантос му одговори на Карагер откако тој го омаловажуваше рекордот на Пеле

Сантос му одговори на Карагер откако тој го омаловажуваше рекордот на Пеле
Dik 300x250 mk

Бразилскиот клуб Сантос преку социјалните мрежи го нападна Џејми Карагер, откако поранешниот фудбалер на Ливерпул го нарече рекордот на постигнати голови на легендарнипт Пеле „само мит“.

„Споменав некаде дека Пеле е мит во фудбалот и не верувам во бројката од 1.000 голови“, изјави Карагер.

Според ФИФА, Пеле има 767 постигнати голови во кариерата, вклучувајќи 643 официјални голови за Сантос, но тој тврди дека постигнал 1.091 голови за нив во мечеви кои имаат сомнителен официјален статус.

Сантос на Твитер решија да одговорат со фотографија на трите светски титули на Пеле со порака: „Кралот беше посебно загрижен за несогласувањата околу неговата величина и неговите недостижни броеви. Не плачете“.

> Сантос му одговори на Карагер откако тој го омаловажуваше рекордот на Пеле <

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа