Властите на Соединетите Американски Држави (САД) формираа прифатен центар во Полска за потребите на згрижување на американските граѓани во случај на евакуација од Украина, јавува Анадолија.
Минатата недела САД ги советуваа своите граѓани да ја напуштат Украина, која е сцена на големи тензии во односите со соседна Русија.
Американскиот прифатен центар е изграден во полскиот пограничен град Пшемишл, а американските граѓани од Украина можат да дојдат во центарот без најава и со пасош и потврда за вакцинација против Ковид.
Во исто време, министерот за одбрана на Полска, пензионираниот генерал Валдемар Скржипчак изјави дека Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин ќе бидат поразени во случај на војна против Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).
– Путин би изгубил евентуална војна против НАТО и тоа долгорочно би го отворило патот за уништување на Русија – изјави Скрипчак.