Утрински Весник
Свет

Руски дипломат во ОН: Со поддршка на Кина ќе воспоставиме рамнотежа на силите со Европа и САД

Руски дипломат во ОН: Со поддршка на Кина ќе воспоставиме рамнотежа на силите со Европа и САД

Русија смета на поддршката на Кина во воспоставувањето рамнотежа на силите со европските земји и САД, изјави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

Како што појасни, Русија со право очекува таква поддршка од Кина бидејќи таа е нејзин најблизок сосед, но и стратешки партнер.

– Имаме толку добри односи што имаме можност да водиме дијалог за најкомплицираните прашања од меѓународната политика, имаме можност да најдеме заеднички јазик за најсложените прашања, рече тој.

Полјански нагласи дека Кина ја дели загриженоста на Москва во однос на безбедносните гаранции и ја поддржува Русија во таа насока.

„Како што видовте по разговорите меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, на маргините на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, нашите кинески партнери целосно ја разбираат и споделуваат нашата загриженост за европската безбедност, рече тој.

Полјански додаде дека НАТО и САД исто така треба да се стремат кон зачувување на светската стабилност, барем поради чувството на самоодржување.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија