Утрински Весник
Свет

Руските сили гранатираа онколошка болница

Руските сили гранатираа онколошка болница

Руските сили ја гранатираа регионалната онколошка болница во Миколаев, објави шефот на градската регионална здравствена управа, Максим Безносенко.

– Само кретен може да ги нападне слабите. Слабите се нашите пациенти. Токму овие чудовишта ја гранатираа онколошката болница. Болница која обезбедува згрижување на болни од рак од целиот регион на Миколаев – изјави Максим, пренесува Би-би-си.

-Ако се обедини омразата кон непријателот, ние веќе сме најобединетиот народ во светот. Ако Русија ги гледа пациентите со рак како рамноправен противник кој е закана – таа не само што е болна, туку веќе е во агонија. И тоа е единственото нешто што може да не расположи во такви околности – вели Безносенко.

Тој вели дека гранатирањето не предизвикало значителна штета и дека тие продолжуваат со работа.

Можете да прочитате

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон

„Старлинк“ објави прекин на услугата, илјадници корисници се погодени

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината