Утрински Весник
Свет

Русите сакаат да го променат законот: На луѓето постари од 40 години да им се дозволи да одат во војска

Долниот дом на рускиот парламент на својата веб-страница објави предлог за измена на законот со кој ќе им се овозможи на Русите постари од 40 години и странците над 30 години да се пријават во војска.

Ројтерс пренесува дека веб-страницата тврди дека употребата на оружје со висока прецизност, работа со оружје и воена опрема бара високо професионални експерти.

Како што велат, искуството покажува дека такви стануваат на 40-45 години, пренесе Дневен аваз.

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија