Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Регистрирани 92 нови случаи на коронавирус во Хрватска

Регистрирани 92 нови случаи на коронавирус во Хрватска
300x250 opst2

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 92 нови случаи на коронавирус, што е речиси двојно во однос на претходните два дена. Нема починати, а извршени се 1804 тестови.

Вкупниот број случаи во таа земја сега е 3.953. Активни се 1.204 лица, а оздравеле 2.639 лица.

„Сега мора да се носат маски во пошта, во банка и во сите други институции каде што им се обезбедуваат услуги на граѓаните, шалтерско работење, секаде каде што луѓето доаѓаат во близок контакт и каде што стојат во линија. Истото важи и за услужните дејности со контакт, фризери, козметичари … Порано беше препорака, сега е одлука“, објасни директорот на Институтот за јавно здравје на Хрватска, Крунослав Чапак и додаде дека нема нови жаришта на вирусот, пренесува „Индекс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД