Утрински Весник
Магазин

Пума луташе низ испустениот Сантијаго за време на полициски час (видео)

Пума луташе низ испустениот Сантијаго за време на полициски час (видео)
Dik 300x250 mk

Сантијаго, 25 март 2020 (/) – Дива пума, во потрага по храна, се спушти од планините околу Сантијаго и се прошета низ празните улици на чилеанскиот главен град, во време кога во него е во сила полициски час поради корона-пандемијата.

Животното е фатено вчера, по интервенција на полицијата, Службите за земјоделство и сточарство (САГ) и тим од градската Зоолошка градина.

– Ова некогаш било нивно природно живеалиште, од кое ние сме ги потиснале… Пумата не е повредена и е здрава, истакна Марцело Џијањони, регионален директор на САГ. Денес во Сантијаго има скоро седум милиона жители.

Пумата е една година стара и е тешка 35 килограми. Пренесена е во зоолошката, каде што стручните лица треба да ја прегледаат.

Владата во Чиле во неделата воведе полициски час поради ширењето на коронавирусот. Во земјата до вчера биле заразени 922 лица, а две се починати. Претходно, Чиле ги затвори своите копнени, морски и воздушни граници.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маски за спиење – предности и недостатоци

Ако сакате да живеете подолго и подобро – почнете да ги применувате овие три навики

Вирален рецепт за врвен зимски компот: Комбинација од најубавите овошја во тегла ќе ве топли цела зима