Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 80 грама кокаин во тетовско Џепчиште, приведен дилер

Пронајдени 80 грама кокаин во тетовско Џепчиште, приведен дилер

Денеска во Тетово е уапсен дилер на дрога, откако во дворот од неговата семејна куќа биле пронајдени 80 грама кокаин.

Според информациите, во неговата куќа со судска наредба е извршен претрес и покрај кокаинот пронајдени се и две дигитални ваги.

Ф.К. (40) од тетовското село Џепчиште е задржан во полициската станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија