Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 22 илегални мигранти во српско комбе на автопатот Демир Капија – Неготино

На автопатот Куманово – Табановце во возило пронајдени мигранти од Ирак и Пакистан

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Полициски службеници синоќа, при контрола пронашле 22 лица-мигранти во товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, на автопатот Демир Капија – Неготино.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 23.45 часот, а поицијата од слобода го лишила С.З.(43) од Србија, кој управувал со возилото.

Мигарнтите, од кои двајца од Бангладеш и двајца од Индија и 18 од Пакистан, се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тројца приведени на натпреварот МЗТ – Работнички, фрлале предмети во салата

СДСМ: Орбан паѓа – Мицкоски договара враќање на Груевски

Мицкоски: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот