Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

Променливо облачно со повремен дожд

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во северните и западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието и во западните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, претпладне со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 10 степени.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Форум на жени на ВЛЕН бара неселективна правда за жртвите на насилство

Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се шест пријави за семејно насилство

Забранета за пиење водата од струшкиот водовод поради заматеност