Утрински Весник
Македонија

Приведени шест лица поради инцидент во ГОБ „8 Септември“

Костов: Околу 70 проценти од капицететот на ГОБ „8 Септември“ наменет за лекување на пацинети со Ковид-19

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Шест лица вечерва се приведени во полициската станица Гази Баба поради инцидент во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Како што информираат од болницата, инцидентот се случил кога роднини на почината 60-годишна пациентка од КОВИД-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани на докторката.

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица  со специјални протоколи.

Починатата пацинетка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември“. Согласно протоколите починатите пациенти од КОВИД-19  ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема. вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани