Утрински Весник
Македонија

Приведена Американка на скопскиот аеродром, во багажот пронајдени куршуми

Приведена Американка на скопскиот аеродром, во багажот  пронајдени куршуми

Утрово во 04.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, по извршена контрола во багажот кај С.Е.П.(45) од САД биле пронајдени три куршуми и една чаура од испукан куршум.

Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Полицијата информира дека вчера уапсила уште едно лице кое било евидентирано под мерката „апси“.

Имено во 08.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Д.Н.(39) од Струга e со мерка „апси“, по наредба од Основен суд Струга.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод до Казнено-поправната установа Затвор Струга.

Можете да прочитате

Ангелов: Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача

ЦУК: Четири активни пожари, три се под контрола

Нова драма во училиштето во Демир Хисар: Не ги даваат печатите