Утрински Весник
Свет

Претседателката на Косово му пиша на Бјаден, побара поддршка за членство во НАТО

Претседателката на Косово му пиша на Бјаден, побара поддршка за членство во НАТО

Претседателката на Косово, Вјоса Османи побара од американскиот претседател Џо Бајден да го искористи влијанието на Вашингтон во НАТО и да и’ помогне на нејзината земја да се приклучи кон воената алијанса.

Во писмото до Бајден, Османи пишува дека по руската инвазија на Украина, влезот во НАТО станал главен национален безбедносен приоритет.

„Членството на Косово во НАТО стана императив (…) Веруваме и очекуваме дека САД ќе го искористат своето влијание и лидерство за активно да го поддржат започнувањето на сложениот процес на пристапување на Косово во НАТО“, напиша Османи.

Изложени сме, вели Османи, на упорните напори на Русија да го поткопа Косово и да го дестабилизира целиот Западен Балкан.

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, но Белград и Москва не ја признаа независноста на Косово и го блокираа членството на Косово во Обединетите нации. Косово не го признаа и четири членки на ЕУ: Шпанија, Грција, Романија и Словачка. Во моментов на Косово се распоредени 3.770 војници на НАТО, од кои 600 од САД.

Можете да прочитате

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната