Утрински Весник
Свет

Прв смртен случај од коронавирус во Уганда

Прв смртен случај од коронавирус во Уганда
Dik 300x250 mk

Во Уганда е регистриран првиот смртен случај од коронавирус, се наведува во објавата на Министерството за здравство на „Твитер“.

Министерството соопшти дека починала 34-годишна жена која била хоспитализирана поради пневмонија.

Додадено е дека 30 лица кои биле во контакт со неа биле ставени во карантин, а се следат и други контакти, јавува Би-би-си.

Во Уганда досега се потврдени 1.079 случаи на коронавирус.

Во таа земја, ублажувањето на мерките започна во фази во мај, а сега повторно се отворени продавниците во главниот град Кампала, едно од жариштата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија